ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променливо облачно, со услови за слаб снег во западните делови од земјата

Денеска времето ќе биде наутро студено, а преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови од земјата, додека во западните од попладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус 10 до еден Целзиусов степен, а максималната дневна ќе достигне од еден до девет степени.

Advertisements

Во Скопје наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до девет Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, до среда ќе се задржи стабилното време со ниски утрински температури кои во наредните денови ќе бидат во постепен пораст.

Во среда и во текот на ноќта кон четврток се очекува влажен бран кој ќе донесе повремени локални врнежи од снег на планините, а на пониските места од дожд и снег.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button