ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи

Времето денеска во утринските часови ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Позастапена нестабилноста ќе има во јужните делови од земјава. каде локално врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м2), проследени со почести грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. УВ индексот изнесува пет.

Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Утре ќе има локален дожд со ретки грмежи, претежно во западните делови. Потоа ќе биде малку до умерено облачно, со слаб до умерен, а на места и засилен ветер од североисточен правец.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button