СПОРТ

Промовирана автобиографијата на Кире Лазаров, „Секогаш на победа“

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кире Лазаров остави пишан бележник на својата беспрекорна кариера. Синоќа беше промовирана неговата автобиографија насловена „Секогаш на победа“, која ги опфаќа сите големи и мали чекор во ненадминатото ракометно доживување од Свети Николе до Нант.

На свечената промоција во хотелот „Александар Палас“, Кире го претстави своето драгоцено литературно чедо пред присутните гости од кремот на македонскиот ракомет, но и воопшто од македонската сцена.

„Сум имал трема на спортски натпревари, но сега имам уште поголема, бидејќи сум прв македонски спортист кој одлучил искрено и со многу страст да напише автобиографија. Треба да имате храброст и многу сила да кажете некои работи што не се кажани. Сите Македонци за мене знаат многу, но во ова книга ќе прочитате многу работи и што не сте ги знаеле. Ја подготвувавме седум-осум месеци со новинарот Жика Богдановиќ и во ниеден момент не се премислив да сменам нешто суштински, стојам зад сè што сум напишал. Сметам дека книгата ќе биде интересна за сите, особено за младите“, рече Лазаров.

И на 41 година тој ја предводи македонската репрезентација како капитен, но од скоро прифати и уште една, поодговорна улога на селектор. Во кариерата има освоено една титула во Лигата на шампионите, трипати бил првак на Шпанија, пет пати на Унгарија, а има и вредни индивидуални признанија како најдобар стрелец на Светското првенство во 2009 година, на ЕП во 2012, а сè уште важи за најдобар голгетер во историјата на Лигата на шампионите. Од март оваа година Кире Лазаров стана заштитно лице на Видеолотарија Касинос Австрија и со задоволство и нашите и неговите победи ги славиме како заеднички

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button