ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пронајдено телото на 22-годишниот Ердан Рамадани

Пронајдено телото на 22-годишниот Ердан Рамадани

Пронајдено е мртвото тело на 22-годишниот кумановец Ердан Рамадани.
Шест дена по несреќата спасувачките екипи и волонтерите го лоцираа телото на починатиот во водите на реката Вардар на три километри од местото на несреќата, поточно во близина на касарната Еребино кај Тетово.
Членовите на семејството го идентификувале телото, а потоа било предадено на судска медицина. Во моментов не се знаат причините за смртта, ниту за сообраќајката.

„Денеска околу 10.50 часот го пронашле мртвото тело во водите на реката Вардар на 22-годишниот кумановец кој на 27 минатиот месец по сообраќајна несреќа излетал од патот со својот автомобил „голф“ со регистарски таблички од Куманово и завршил во водите на реката Вардар. По идентификацијата, по наредба на надлежен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција и се работи на откривање на причините за несреќата“, рече Фатмир Реџепи, СВР Тетово.

Ердан Рамадани беше студент на Универзитетот во Тетово, последниот контакт со семејството го имал утрото на 27 септември. Кобниот ден, според членовите на семејството, Ердан бил во Тетово за да плати за наредниот семестар. Во потрагата по телото, покрај надлежните, се вклучија и многу граѓани и доброволци од околината на Тетово, Скопје и Куманово./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button