РЕГИОН

Пропадна и 13-тиот обид за конституирање на косовското Собрание

Косово останува заглавено во политички ќорсокак откако утрово пропадна и 13-тиот обид за конституирање на Собранието, предизвикувајќи загриженост за институционална парализа и прерасна во сериозен тест за државната зрелост на Косово.

Advertisements

Косово продолжува да биде без функционално Собрание, бидејќи пратениците повторно не успеаја да конституираат ново Собрание, точно три месеци по одржувањето на парламентарните избори на 9 февруари.

Како и на седниците од изминатите неколку дена, во петокот претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари, повторно побара формирање комисија која ќе го надгледува тајното гласање за претседател на парламентот.

Предлогот не доби доволно гласови и седницата беше одложена за да продолжи два дена подоцна, во недела наутро.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button