ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Пропадна и третиот тендер – ЕСМ не достави понуда

Пропадна и третиот тендер на ЕВН Хоум за набавка на струја за домаќинствата. Државната енергетска компанија ЕСМ сѐ уште нема формирано цена по која ќе ја продава електричната енергија на универзалниот снабдувач, но извесно е дека таа ќе биде повисока поради намаленото домашно производство, недостатокот на јаглен но и поради променливата цена на берзите која од ден на ден е сѐ повисока.

„Централно место во планот за справување со последиците од глобалната енергетска криза има заложбата да се заштитат граѓаните од ценовни шокови, а за компаниите да се обезбеди најповолната цена на електричната енергија“, наведоа од Владата.

Новиот тендер ќе биде на девети декември, велат за Алсат од ЕВН Хоум. Од компанијата додаваат дека пролонгирањето е на барање на ЕСМ. До крајот на годинава ЕВН Хоум ќе и плаќа по 36 евра за мегават час електрична енергија на ЕСМ, но по Нова година цената за која се шпекулира дека ќе ја плаќаат домаќинствата, е крајно загрижувачка. Информациите кои доаѓаат од енергетскиот сектор се дека ЕСМ во моментов на отворениот пазар купува многу скапа струја која надминува и 300 евра за мегават час, а со тоа троши милионски суми за само неколку дена.

Ваквото тактизирање и постојано одложување на понудата ја зголемува напнатоста во јавноста по прашањето дали воопшто државата ќе го обезбеди потребното количество на електрична енергија за домаќинстваата. Но и дали одлучувањето во последен момент ќе влијае и врз цената која ке ја платат граѓаните.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button