Просечната исплатена нето плата во април 2025 година изнесува 45.452 денари
Просечната исплатена нето плата во април 2025 година изнесува 45.452 денари

Просечната исплатена нето плата во април 2025 година изнесува 45.452 денари, што претставува зголемување од 10.6% во однос на истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.
И покрај порастот што го бележи статистика, граѓаните велат оставени на питачки стап, цени до плафон, инфлација не изеде, трба да има раст на платите – велат граѓаните.
Анкета – граѓани
„Моментално платите не се покачени, но треба да се покачат уште, поради тоа што е многу поскапено “
„Мислам дека има доста потреба да има зголемување на платата , а јас ништо не сум почуствувал дека има зголемување, секој ден има нови цени, секој ден кога одиш во маркет не е ко вчера има различни цени. Мислам дека обичниот граѓанин, тие луѓе што живеат со личен доход што припаѓам јас во таа група нема да примети дека нешто има зголемување на платите.“
„Платава е катастрофа, долу е многу на пример, просечна, а кај овде да влезеш во продавница, скапо е не се зема ништо. “
Од Статистика велат дека зголемувањето на платите највеќе се должи на порастот на платите во неколку сектори: здравствена и социјална заштита за 14.7%, образование за 14.4% и административни и помошни услужни дејности за 13.0%.
„ Во април 2025 година, во однос на април 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 10.6 %“, велат од Државен завод за статистика.
Додека статистика бележи раст на платите, потрошувачката кошничка станува се поскапа, само за храна на едно четиричлено семејство му е потребна речиси цела минимална плата.
Минималната нето плата во Македонија изнесува 24.379 односно 36.037 денари бруто плата./Алсат.мк
Ангел Димовски