ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протест на приватните превозници го блокираше Скопје

Со блокиран сообраќај и бучава од возилата. Вака денеска се разбуди главниот град, поради протестот на приватните превозници, кои со повеќе од 30 автобуси ја блокираа раскрсницата кај трговскиот центар Мавровка.

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Мак експрес транс“, изјавуваат дека се додека Град Скопје и Јавното претпријатие не го платат долгот, тие ќе ги блокираат патиштата. Транспортерот Кемал Муриќ, изјави дека во наредните денови ќе ги паркираат на улица сите 220 автобуси со кои работеле.

„Пораката оди до Град Скопје и ЈСП, итно решете го хаосот во град Скопје со сообраќајот, не обвинувајте не, бидејќи ние сме должни да го правиме ова, бидејќи ниту градоначалничката на градот, ниту директорот не ЈСП не не прими, а ни должат пари заработени чесно, за неколку дена сумата ќе достигне два милиони евра. Значи дека не можеме да обезбедиме храна за нашите семејства ниту за основни потреби“, рече Муриќ.

Исен Халили од „Макекспрес“ транс, вели дека ниту едно обвинување на градоначалничката на Град Скопје не се точни. Според него, градоначалничката Данела Арсовска, ги искористила парите на приватните превозници за инвестирање во ЈСП.

„Самата со свои зборови кажа дека кога дошла на оваа функција го затекнала јавното претпријатие со само 140 автобуси во редовна состојба, сега има над 270 автобуси, со оглед на светската криза, двојното зголемување на цената на нафтата, цената на метанот се зголеми четирикратно, тоа се големи трошоци, ние што работиме во оваа работа го знаеме тоа. Од каде ги доби тие пари, госпоѓа градоначалничке, за да ги активира тие автобуси? Сакам да кажам дека тие ни ги земаа парите, и ги искористија, а нас не оставија на улица“, вели Халили.

Градот Скопје и ЈСП имаат долг од околу 2 милиони евра кон 221 приватен превозник, што возат во Скопје. И по многубројните барања за средба, Арсовска одби директно да се сретне со приватните превозници. Таа дури ги обвини дека манипулирале со продадените билети во вредност од 400.000 евра. Приватните превозници категорично ги отфрлаат овие обвинувања, и велат дека ќе го тужат првиот човек на градот за лаги.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button