ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Протест на трговците на Кванташки пазар

Протест на трговците на Кванташки пазар

Зголемени цени на киријата, дополнителни такси за паркирање и закани од раководни кадри се причините поради кои стотици трговци и земјоделци веќе неколку дена протестираат на влезот на познатиот Кванташки пазар за продажба на големо во Скопје. Велат дека новите сопственици кои го презеле пазарот не исполниле ниту едно ветување за нови инвестиции.

“Многу ги зголеми цените и уште сака да ги поскапува, сака да го направи со картичка. На пример, за камион што ќе дојде со роба од надвор за 24 часа треба да платам 2.400 денари бидејќи секој час ќе чини 100 денари. Иако во договорот стои дека камионите влегуваат без да платат”, рече Насер Ајдини, трговец.

“Бараме или да се договориме за намалување на цените и да работиме како порано и според светската криза или институциите да ни најдат друга локација, затоа што овде условите се исти како внатре. Ние не сакаме ништо, само да има земја и песок“, изјави Таџедин Идризи, земјоделец.

Производителите велат дека имаат и закани. Поради тоа секој ден се сè повеќе разочарани и размислуваат да си заминат.

“Имаме закани, им се заканувале на некои. Донеле луѓе од надвор за да ни се закануваат, рекетари што ги тераат на сила да платат. Но, некој не може да плати затоа што не продал ништо и не успеал да направи пари за да плати месечна такса. Донеле луѓе од надвор и со закани го терале да плати“, рече Неџат Весели, трговец.

Земјоделците и трговците велат дека неколку пати протестирале, но до сега нивните поплаки директорите и раководителите на пазарот ги игнорирале. За сите обвинувања од земјоделците и производителите побаравме изјава и од челниците на „Кванташки“, но досега немаат одговор./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button