ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протестите против францускиот предлог ќе продолжат и вечерва

Демонстрантите против францускиот предлог денеска повторно се вратија на првата рута – поминаа кај плоштадот Скендербег, застанаа пред МНР, и го завршија протестот пред Собранието. Според организаторите на протестите, причина за враќање на претходната рута е суспендирањето од работа на претседателот на Сојузот на македонските дипломати, Зоран Дабиќ. Поради антибугарските повици на протестите, бугарското МНР испрати протестна нота до Скопје. Во нивната реакција се вели дека антиевропскиот наратив е вознемирувачки, особено во пресрет на официјализирањето на добрите односи меѓу двете земји.

„Ја изразуваме нашата длабока загриженост за она што се случува во Скопје, каде што се користи антиевропски наратив на штета на воспоставувањето добрососедски односи. Особено загрижувачки е тоа што злонамерните дејствија во јавноста ескалираат во момент кога Софија и Скопје активно бараат пат кон конструктивен дијалог и изнаоѓање трајно взаменозаемно прифатливо решение во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и целиот регион“, наведоа од бугарското МНР.

Во меѓувреме, полицијата уапси 26-годишен скопјанец, осомничен за учество во насилство, кое сторило кривично дело. Кривичната пријава е поврзана со протестот на 5 јули кога 26-годишниот заедно со Јане Смилевски, се осомничени дека подготвиле и фрлиле молотови коктели кон полицискиот кордон и зградата на Собранието. Јавното обвинителство официјално соопштува дека поднело обвиненија против 12 лица учесници во протестите и инцидентите од 5 и 6 јули. 9 обвиненија се за учество во толпа, додека 3 се за поттикнување општо загрозување. Обвинителството бара продолжување на притворот за 12 лица.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button