ЗДРАВСТВО

Против ковид досега вакцинирани над 310 илјади граѓани

Вчера против ковид биле вакцинирани 13.628 граѓани, соопшти Министерство за здравство. Прва доза вакцина вчера примиле 10.940 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 310.384 граѓани, вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани.

Според Министерството за здравство, со последните бројки 52 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 отсто од граѓаните над 65 години се вакцинирани со барем една доза вакцина и 42 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button