ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прскање против комарци во Скопје

Прскање против комарци во Скопје

Во текот на денот денеска ќе се реализира терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Град Скопје.

Како што информираат градските власти, авионската дезинсекција против ларви од комарци во Скопје ќе се реализира утре во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 8 до 11 август 2022 година, во период од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, се вели во соопштението од Град Скопје.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button