ВЕСТИСВЕТ

Прв Самит на Европската политичка заедница, не дојдоа само Путин и Лукашенко

Сите европски лидери, со исклучок на Путин и Лукашенко, седнаа на заедничка маса во Прага. Таму се одржува првиот Самит на новоформираната Европска политичка заедница. 44-рица претседатели на држави и влади разговараат за нова безбедносна структура на континентот, како и воспоставување енергетска независност од Русија. Идејата за ваква заедница на почетокот на годинава прв ја сподели францускиот претседател Емануел Макрон, а веднаш ја поддржа германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Приоритет е да се воспостават европски линии за поврзување и пренос на електрична енергија и да се намалат цените на гасот во Европа. Подготвен сум да ги истуркам сите овие проекти барајќи поголема меѓусебна поврзаност“, рече Макрон.

„Не се работи за создавање нова институција. Наместо тоа, шефовите на држави и влади треба да разговараат меѓу себе „многу поконкретно“. Нова институција би била погрешен пристап. Ова е нов формат, кој е „голема иновација“ и добро е да може да се зборува „без агенда“ за заедничките грижи во Европа“, рече Олаф Шолц, Канцелар на Германија.

Челниците на Европската унија, пак, во фокусот ги поставија војната во Украина и потезите на Кремљ.

„Јас сум оптимист, затоа што фактот дека 44 земји кои беа поканети решија да учествуваат е прв добар сигнал и од денеска следува да разговараме за подлабоки теми“, рече Шарл Мишел – претседател на Европски совет.

„Се собравме овде за проучиме како да создадеме нов безбедносен поредок во Европа. Тоа мора да се случи без Русија. Не затоа што ние не сакаме Русија да биде дел од Европа, туку затоа што Путинова Русија реши да се оддели од европската заедница“, рече Жозеп Борел – висок претставник за надворешна политика на ЕУ.

Самитот го отвори чешкиот премиер Петр Фјала, чија земја претседава со Европската унија. Тој кажа дека целта на Путин е да освојува територии и според него меѓународната заедница не смее да ги сфати сериозно референдумите кои рускиот претседател ги организираше на истокот на Украина. Еден од главните гости во Прага е и украинскиот премиер Денис Шмигал. Во оваа Европска политичка заедница, покрај 27-те земји членки на Унијата, учествуваат и Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Исланд, Косово, Лихтенштајн, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Норвешка, Србија, Швајцарија, Турција, Украина и Велика Британија.

 

ЗЕМЈИ-УЧЕСНИЧКИ ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИЧКА ЗАЕДНИЦА

 

ЕУ (27 држави-членки)
АЛБАНИЈА
ЕРМЕНИЈА
АЗЕРБЕЈЏАН
БИХ
ГРУЗИЈА
ИСЛАНД
КОСОВО
ЛИХТЕНШТАЈН
МОЛДАВИЈА
ЦРНА ГОРА
МАКЕДОНИЈА
НОРВЕШКА
СРБИЈА
ШВАЈЦАРИЈА
ТУРЦИЈА
УКРАИНА
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

 

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button