МАКЕДОНИЈА

Првачињата Албанци во Чашка не можат да учат на албански

Отворањето за првпат на албанска паралелка за прво одделение во основното училиште „Тодор Јанев“ во општина Чашка ги изреволтира жителите Македонци. Тие веќе неколку дена ги спречуваат децата да почнат со настава барајќи укинување на одлуката и враќање на надлежностите за образованието кај општина Чашка.

Училиштето во Чашка беше затворено, па Алсат замина за село Бањица, од каде потекнуваат поголемиот број ученици Албанци. Жителите остануваат на ставот дека нивните деца треба да следат настава на својот мајчин јазик.

„Срамота е децата да учат македонски кога имаат можност да учат на својот јазик. Поради тие деца живеам сам дома. Децата ми се во Скопје поради тоа училиште. Зошто да не учат албански во нашата општина? Зошто? Што им пречи на Македонците, не знам.“

„Јас сум одлучен, ќе ги запрам децата и ако треба ќе одам во затвор за тие деца. Сакам моето дете да научи албански. Оние кои се во петто одделение нека продолжат на македонски. Петто одделение се, а името не знаат да си го напишат на албански“, рекоа жителите на Бањица.

А, додека жителите Македонци го држат училиштето блокирано и не дозволуваат настава за учениците Албанци, децата наоѓаат начин како да го поминат слободното време. Велат дека сакаат да учат на албански.

„Родителите се собираат и протестираат. Дали остануваат таму долго време? Да, дури и не ни дозволуваат да учиме, не им дозволуваат на наставниците да држат часови. Играме во училиштето, потоа доаѓа комбето и нè зема“, вели еден ученик.

Од Министерството за образование тврдат дека отворањето на албанската паралелка во Чашка било направено со почитување на сите законски процедури и покрај поплаките на жителите Македонци. Во основното училиште „Тодор Јанев“ учат над 70 ученици Албанци, но настава следат на македонски.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button