СПОРТФУДБАЛ

Првиот шпански тренер од 1991 година кој го загубил дебито на гостински терен

Фудбалската репрезентација на Шпанија синоќа во Глазгов загуби од Шкотска со 2:0 во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024.

Селекторот на „Црвената фурија“, Луис де ла Фуенте, стана првиот тренер на репрезентација од 1991 година, кој го загуби дебитантскиот меч на гостински терен.

Пред 31 година, репрезентацијата на Шпанија предводена од Висенте Миера загуби од селекцијата на Исланд исто така со 2:0 во квалификациите за Еуро 1992 година.

Во А-групата Шкотска е прва со максимални шест бода, Шпанија е втора со три, следуваат Норвешка и Грузија со по еден бод, последен е Кипар без бодови./МИА

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button