ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Првите 3.000 дози руската вакцина против коронавирусот се очекува да пристигнат утре

Утре се очекува во Скопје да пристигне уште еден пакет анти ковид вакцини. Иако долгоочекуваните американски и кинески вакцини се уште се далеку, оние што најмалку ги промовираа здравствените власти, три илјади дози на руски вакцини Спутник В, од Москва утре ќе слетаат на меѓународниот аеродром во Скопје. Ова го објави министерот Венко Филипче, нагласувајќи дека ова ќе биде првиот контингент од вкупно 200.000 дози и ќе имаат полесни услови за одржување, во обични фрижидери од 2 до 8° С.

На хартија, според Националниот план за имунизација беа нарачани 2,2 милиони дози вакцини. Но, во моментов имаме 8.000 дози од Фајзер и уште 3 илјади кои според Филипче ќе пристигнат утре по брза пошта. Според најавите, првиот контингент на вакцини Astra & Zeneca ќе пристигне преку платформата Ковакс во март. Но, директното купување вакцини Фајзер нема епилог, иако во текот на овој месец се очекува да дојдат нешто повеќе од 20 илјади дози, од нарачаните 800 илјади.

Од Кина, по враќањето на авансот за 200 илјади вакцини од компанијата „Синофарм“ нема нови знаци, иако во текот на февруари се очекуваше да дојде целата нарачана количина. Ситуацијата не е подобра ниту во борбата против пандемијата, особено со британскиот сој на вирусот, која зарази 70% од пациентите кои што се нови случаи. Министерот за здравство Филипче рече дека од понеделник во Комисијата за заразни болести ќе се разгледа можноста за предлагање нови мерки, евентуално рестриктивни.

Бидејќи се зголемува бројот на пациенти заразени со британскиот сој на кои им е потребен болнички третман, се активираше модуларната на инфективната клиника. Вакцинацијата повеќе нема да се спроведува на местото каде медицинскиот персонал беше вакциниран со вакцини Фајзер, донирани од Србија, туку вакцинацијата ќе се прави во здравствените домови во Скопје.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button