СПОРТФОРМУЛА - 1

Првите луѓе на Формула 1 ги почнаа подготовките за следната сезона

На последниот состанок на Бордот, компанијата „Либерти Медиа“ го претстави проектот со 23 трки, што е рекорд за овој спорт.

Според специјализираниот портал „Автоспорт.ком“, новата сезона треба да започне на 21-ти март во Австралија а една недела подоцна ќе се одржи трката во Бахреин. Трката во Кина е закажана за 11 април, а таа во Виетнам  закажана за 2 мај, сè уште е во знак прашање. Во меѓувреме, на 9 мај започнуваат европските натпреварувања во Барселона, Монте Карло и Баку. Пред летните одмори, Формула 1 ќе се пресели во Канада во јуни, по што ќе следи враќање во Европа. Што се однесува до втората фаза од сезоната, датумите сè уште не се утврдени, а со трката во Абу Даби се очекува да заврши сезоната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button