СПОРТФУДБАЛ

Првпат после 14 години, Арсенал го победи Манчестер jунајтед на гости

Арсенал синоќа го победи Манчестер јунајтед во рамките на 7. коло од Премиер лигата со 1:0. Ова е прва победа на „топчиите“ во Премиер лигата над „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ од септември 2006 година.

Јунајтед до вечерва имаше серија од 13 натпревари без пораз на домашен терен против Арсенал.

Стрелец на победничкиот погодок за гостите од Лондон беше Пјер-Емерик Обамејанг од пенал во 69 минута.

По овој исход, Арсенал се проби на 7. место со 12 бодови, додека Манчестер падна на 15. позиција со само седум бода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button