ВЕСТИЗАБАВА

Психолошки тест кој открива многу за вас

Спремни да потонете малку во својата потсвест?

Земете празен лист хартија и пенкало и следете ги насоки подолу. Запишете ги одговорите кои прво ќе ви паднат на памет, за тестот да има валиден ефект. Потоа прочитајте го значењето подолу во текстот…

Замислете дека се наоѓате во шума и пред вас е пат…

Прашања:

1. Некој чекори покрај вас… Кој би можел да биде тоа?

2. Движејќи се низ шумата недалеку од себе гледате животно. Какво е тоа животно?

3. Што се случува откако ви се среќаваат погледите?

4. Продолжувате да одите низ шумата. Излегувате на широка ливада на која здогледувате куќа од соништата. Како би ја опишале нејзината големина?

5. Дали вашата куќа од соништата има ограда околу неа?

6. Влегувате во куќата. Одите во трпезаријата и гледате маса. Опишете што гледате на неа и околу неа.

7. Ја напуштате куќата низ задната врата и гледате предмет на тревата. Од кој материјал е направен?

8. Што би направиле со предметот?

9. Доаѓате до крајот на дворот и оттаму гледате река. Колкава е реката?

10. Мора да ја поминете реката. Како ќе го направите тоа?

Резултати:

1. Човекот кој оди покрај вас е најважната личност во вашиот живот.

2. Големината на замисленото животно е големина на вашите проблеми во вашата потсвест. Колку е поголемо животното, толку ви е потежок животот.

3. Начинот на кој реагирате на неочекуваната средба во шумата најдобро го покажува начинот на решавање на вашите постоечки проблеми (реагирате, се замрзнувате во место или бегате).

4. Големината на куќата е големина на вашите амбиции. Ако куќата е преголема, можно е да имате преголеми очекувања од животот.

5. Ако оградата не постои, вие сте отворен и слободен човек. Ако куќата има ограда, значи вие цените личен простор и тоа го очекувате и од другите.

6. Ако во трпезаријата не гледате луѓе, цвеќе или храна на масата, тогаш постои голема веројатност дека длабоко сте несреќни. Колку повеќе детали има, толку сте посреќни.

7. Цврстината и долговечноста на материјалот од кој е направен предметот покажува колку ви е цврста врската со личноста која шета низ шумата со вас.

8. Она што го правите со предметот во мислите го карактеризира вашиот однос со човекот од првото прашање.

9. Големината на реката е големина на вашиот сексуален апетит.

10. Колку „помокар“ начин за преминување на реката одберете, толку е поголемо значењето на сексот во вашиот живот.

Овој тест ги претставува психолошките карактеристики на личноста во даден момент, не во целост. Затоа можете да го повторите по неколку дена, бидејќи и вашата состојба се менува од ден на ден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button