СПОРТФУДБАЛ

ПСЖ со понуда до Мбапе – 150 милиони евра за пет години!

Пари Сен-Жермен му понуди нов договор на напаѓачот Килијан Мбапе. Дваесет и едногодишниот напаѓач може да има плата од 30 милиони евра годишно.

ПСЖ очекува да го продолжи договорот со Мбапе за пет години, пренесува „АС“.

Мбапе сè уште не се согласил со неговиот сегашен тим и според извори околу него, сонува да се пресели во Реал Мадрид.

Претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез е заинтересиран за потписот на Французинот и смета дека овој трансфер е стратешки важен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button