ЗДРАВСТВО

Пуштен во употреба новиот лабораториски фрижидер за Клиниката за Ортопедија, донација од Германската амбасада

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн и директорот ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ, д – р Александар Трајановски, денеска го пуштија во употреба новиот лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива.

Фрижидерот чија вредност е 414.156,00 денари е добиен преку програмата Мали проекти на Амбасадата и ќе биде дел од Банката за коскени ткива на Одделот за трансплантација на Клиниката за Ортопедија.

„Трансплантацијата на коскено ткиво ќе даде надеж за подобар квалитет на живот на многу пациенти. Toa се пациенти со малигни заболувања, спортски повреди, дефекти на коски. Стручниот колегиум на клиниката веќе прави подготовни за следните пациенти кои имаат индикации за трансплантација на коскено ткиво“, вели д-р. Трајановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button