ВЕСТИСВЕТ

Путин прави чистка: Отпуштил шест генерали

Путин прави чистка: Отпуштил шест генерали

Рускиот претседател Владимир Путин отпуштил шест генерали поради лошите резултати од борбените операции во Украина, јавуваат светските медиуми.

Според информациите, ваквата одлука е донесена во моментот кога во Украина наводно бил убиен потполковникот Николај Горбан (36), кој ги предводел специјалните сили „Спецнац“.

„Дејли мејл“, повикувајќи се на сознанијата на британските разузнавачки служби, генерал-потполковник Александар Чаико и генерал-потполковник Александар Журавлев се меѓу лицата кои ќе ги загубат своите позиции, а причина за промената се големите загуби и недостатокот на напредокот на силите во Украина.

На местото на Журавлев, наводно, ќе дојде генерал-полковник Владимир Кочетков, а според „Дејли мејл“ разрешен е и генералот Александар Владимирович Двонирков, кого западните медиуми го нарекуваат „Месарот од Сирија“. Тој, наводно, е сменет, бидејќи во април беше назначен за командант на целата операција во Украина, соопшти британското Министерство за одбрана.

Разрешен е и генералот Генадиј Валериевич Жидко, кој беше командант на силите на југот, а за негова замена беше назначен генералот Сергеј Суровкни.

„ Слабите резултати на руските сили за време на војната во Украина го чинеа военото раководство многу, како резултат на што беа сменети најмалку шест руски генерали. Овие промени беа придружени со фактот дека најмалку 10 руски генерали беа убиени во борбените операции во Украина. Ова имаше голем ефект врз тактичките и оперативните проблеми на руската армија во Украина“, вели извор од Министерството за одбрана, цитиран од „Дејли мејл“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button