СПОРТФУДБАЛ

Работнички потпиша прв професионален договор со Амар Хаџибулиќ

Македонскиот прволигаш Работнички објави дека потпиша прв професионален договор со најновиот голем бисер од младинската школа, голманот Амар Хаџибулиќ.

„ФК Работнички со гордост го објавува првиот професионален договор со големиот талент, голманот Амар Хаџибулиќ. 16-годишниот чувар на мрежата е најновото име кое доаѓа како производ од одличната работа во пионерско-младинската академија на клубот“, објави ФК Работнички на официјалниот сајт.

Aмар Хаџибулиќ треба да биде најновото голманско откритие кое ќе чекори по стапките на Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Ристе Јанков, одличните голмани кои заминаа во странство од редовите на ФК Работнички. Амар Хаџибулиќ е репрезентација на Македонија во селекцијата до 17 години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button