СПОРТФУДБАЛ

Работнички се засилува  со двајца фудбалери на Воска

Нови членови на клубот од Дебар Маало се Дитмир Хоџа и Лорент Жаку. Cтанува збор за двајца млади фудбалери кои доаѓаат од редовите на Воска Спорт која беше исфрлена во најнизок ранг.

Advertisements

Хоџа е 16-годишен напаѓач и висок 191 сантиметар, а исто така може да игра и нешто поназад како офанзивен фудбалер за врска. За Воска во Првата лига во изминатата сезона запиша осум настапи.

Жаку кој е една година повозрасен е фудбалер од средниот ред и во изминатата сезона одигра 14 натпревари во најсилната конкуренција во македонскиот фудбал. Двајцата попишаа договори на три години.

 

Foto: SPort1.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button