КОШАРКА

Работнички со три нови засилувања

Кошаркарскиот тим Работнички донесе три нови засилувања, во пресрет на натпреварите од Купот и Првата лига на Македонија, како и од натпреварувањата во регионалната лига „АБА2“. Нови членови на Работнички се: Мирко Мулалиќ, Американецот Рајнер Торнтон и Филип Бундовиќ од Цибона. Екипата на МЗТ Скопје најде замена за Американецот Доминез Барнет. Станува збор за Американецот Френк Тарнер. 32-годишниот кошаркар игра како плејмејкер и доаѓа од Унгарија, каде го носеше дресот на „Корменд“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button