ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Радев: Европските барања јасно укажуваат дека С. Македонија мора да го измени Уставот

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека решението за проблемите во односите со С. Македонија лежи во имплементацијата на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ и во почитувањето на човековите права. Тој посочил дека Бугарија отсекогаш била двигател на европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Според зборовите на шефот на бугарската држава, искажани во интервју за грчката државна новинска агенција АНА-МПА, „повеќе не треба да се зборува за бугарско вето, бидејќи има јасен заклучок на Европскиот совет од јули минатата година и договорена преговарачка рамка“.

„Овие европски, а не бугарски, барања јасно укажуваат дека РСМ мора да го измени својот Устав за да им даде можност на Бугарите да имаат уставна заштита и еднакви права со тоа што ќе бидат вклучени на еднаква основа со другите државотворни нации во оваа земја“, потенцирал Радев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button