ВЕСТИРЕГИОН

Радев ја свика првата седница на бугарскиот парламент на 3 декември

Бугарскиот претседател Румен Радев за 3 декември ја свика првата седница на новоизбраното 47 Народно собрание, соопшти прес-службата на шефот на државата. Во парламентот има седум партии. Тоа се „Продолжуваме со промената“, ГЕРБ, БСП, „Има таков народ“, МРФ, „Демократска Бугарија“ и „Преродба“.

Во минатата недела се водеа преговори за формирање коалициска влада меѓу „Продолжуваме со промените“, БСП, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“. Средбите беа поделени на вкупно 18 теми, на кои преговараа 18 посебни тимови. Разговорите на експертско ниво завршија доцна во саботата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button