ВЕСТИРЕГИОН

Радев одбива да ја потпише декларацијата за членство на Украина во НАТО

Претседателот на Бугарија Румен Радев одби да го потпише целиот текст на декларацијата на деветте источноевропски земји поради член со кој се поддржува влезот на Украина во НАТО, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.

„Румен Радев не се согласува со целиот текст на декларацијата што ја усвоија некои источноевропски земји на тема членство на Украина во НАТО. Претседателот поддржува други позиции кои се наоѓаат во документот“, се вели во соопштението јави вчера БТА.

Документот беше потпишан на 2 октомври од претседателите на Романија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора, Словачка и Полска.

Тие во него наведуваат дека „цврсто стојат зад одлуката донесена на Самитот на НАТО во Букурешт за идното членство на Украина“ и ја повикаа Русија „итно да се повлече од окупираните територии“, нагласувајќи дека „не ја признаваат легитимноста на припојувањето на териториите кон Руската Федерација“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button