ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Радев: Раководството во Северна Македонија мора сами да ја отстранат блокадата

Во Бугарија денеска се одржуваат предвремените парламентарни избори, четири месеци по изборите на кои ниту една партија не успеа да формира влада. Последните анкети од агенциите на јавното мислење предвидуваат тесна трка помеѓу партијата ГЕРБ водена од Бојко Борисов и „Има таков народ“ на познатиот шоумен и телевизиски водител Слави Трифонов. Бугарскиот претседател Румен Радев ги повика граѓаните масовно да гласаат, за да се добие стабилна влада а на праашето дали ќе ја отстрани блокадата кон Македонија одговори дека бугарската политиката кон Македонија не да зависи од новата Влада и парламентот туку од дијалогот помеѓу Скопје и Софија.

Ние очекуваме нашите пријатели од Северна Македонија највисокото раководство на државата сами да ја отстранат блокадата. Таа блокада не е наша ние очекуваме,реални и одржливи резултати да се прочитаат копенхашките критериуми за членство, за промена на учебници ова го очекуваме четири години откако е потпишан договорот во 2017, споменици со нивни натписи, музеи, јавни медиуми, за искоренување на говорот на омраза – изјави Румен Радев- Претседател на Р.Бугарија.

За премиерот Зоран Заев фукционалниот парламент е надеж за одблокирање на Македонија за членство во ЕУ. Можна одлука за деблоката Заев очекува во декември од страна на новиот парламент.

Овојпат очекуваме фунционален парламент и политичка Влада и за добивање на зелено светло односно одблокирање на Северна Македонија кон нашиот пат кон Европската унија. Лично мислам дека ги адресирав сите важни работи на разговорите билатерални на 17 јуни кога ја посетив Бугарија остана да се избере бугарскиот парламент за да имаме надеж дека ќе се донесе одлука – рече Зоран Заев- Премиер на РСМ.

За ВМРО- ДПМНЕ во моментов најважна е резолицијата која ќе ја стави земјата на вистинскиот пат во однос на надворешната политика.

Треба да почекаме да видиме какви ќе бидат резулатите во Бугарија. Што поскоро да се изгласа резолуцијата која беше предложена од страна на ВМРО- ДПМЕ во Собранието бидејќи тоа треба да биде резолуција која ќе не стави на вистинскиот пат односно ќе бидат вистинските постулати за понатамошно надворешно функционирање на работите на Македонија – нагласи Димче Арсовски- Потпретседател на ВМРО- ДПМНЕ.

Бугарија во два наврати досега го блокираше одржувањето на меѓувладината конференција со Македонија, а поради ставот на ЕУ дека не треба да има одвојување, преговорите не ги започна ниту Албанија.

Андреа Чобанова

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button