ВЕСТИРЕГИОН

Радоичиќ е во Србија и ќе биде сослушан, вели Вучиќ

По обвинувањата на Приштина оти потпретседателот на најголемата партија на косовските Срби (Српска листа), Милан Радоичиќ, учествувал во нападот на косовската полиција минатиот викенд, српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното интервју за РТС изјави дека Радоичиќ е во Србија и дека ќе биде сослушан.

Advertisements

„Тој дефинитивно ќе одговори на поканата на надлежните органи на Република Србија, убеден сум дека ќе биде сослушан… Република Србија и нејзините надлежни органи ќе ја завршат својата работа“, изјави Вучиќ во синоќешното интервју за српскиот радио-дуфузен сервис.

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, косовската полиција го идентификуваше како организатор и учесник на нападот врз косовската полиција во селото Бањска на 24 септември. Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, објави и видео во кое тврди дека, меѓу униформираните вооружени лица кои се судриле со косовската полиција, е и Милан Радоичиќ.

На прашањето дали снимката што ја објави косовскиот министер е автентична и дали Радоичиќ бил во селото Бањска, Вучиќ одговори дека тоа ќе го утврдат надлежните органи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button