ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Рафајловски: Ништо не успеавме да направиме од државата

Повеќе од 30 години не успеавме да на правиме ништо од оваа држава, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, стопанственикот Горан Рафајловски. Како што оценува тој, државата ги има загубено и високите професионални профили кои би требало да создаваат нови капацитети.

„Еве, поминаа 32 години, ние не направивме ништо од државата. Апсолутно ништо. Затворивме фабрики, затворивме капацитети, тие мајстори што ги имавме веќе ги немаме. Не можете да најдете ниту плочкар, ниту паркетар, ниту водоводџија, ниту електричар…немате ниту професори по математика, по физика, ниту по хемија, а не тек научници кои што ќе создадат додадена вредност од која ќе направиме некое производство“, рече Рафајловски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button