ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Рафајловски: Стопанството во земјава никогаш не ја доби својата шанса

Стопанственикот, Горан Рафајловски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека во нашата држава најголем работодавач е државата, а стопанството никогаш не ја добило својата шанса за развој.

„Вистина е дека нашето стопанство не е доволно развиено, но најголемата вистина е дека никој и не му даде шанса во последниве 30 години за да се развие така како што треба. Ниту во транзицискиот период, кога минувавме од општествен во приватен капитал, ниту пак понатаму, не направивме ништо сериозно да создадеме стопанство во нашата земја. Имаме системи коишто не сме ги пипнале повеќе од 40 години“, рече Рафајловски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button