ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Рафуна: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце, добредојдена за економијата на двете земји

Претседателот на Стопанската комора на Косово, Лулзим Рафуна, денеска во Скопје изјави дека изградбата на автопатот Скопје-Блаце е добредојдена не само за граѓаните, туку и за економијата на двете земји. Тој дури потсети дека Косово го заврши својот дел од трасата, со што од Приштина до Скопје се стигнува за само 45 минути.

„Колку побрзо ќе се гради овој дел од автопатот, толку подобро за економијата на нашите две земји. Вчера кога дојдов во Скопје видов дека се гради со забрзано темпо и тоа многу ме израдува и очекувам многу брзо да биде завршен овој дел од автопатот. Приштина-Скопје се стигнува за 45 минути, така што е многу добредојдено не само за граѓаните туку и за економијата на нашите две земји“, изјави Љуљзим Рафуна, од Стопанската комора на Косово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button