ВЕСТИРЕГИОН

Рама: „Отворен Балкан“ дава резултати, полза имаат граѓаните и бизнисот

„Отворен Балкан” веќе дава резултати, видливи се придобивките и олеснувањата за граѓаните и бизнисот, смета албанскиот премиер Еди Рама, кој во Охрид на Самитот „Отворен Балкан” пристигна преку граничниот премин Ќафасан на албанско- македонската граница кај Струга.

Рама преку кус видео запис на социјалните мрежи порача дека кусо се задржал на преминот.

“Ова е многу важно бидејќи така станува и конкретно за секој кој ќе каже што ни треба Отворен Балкан и да стави крај на сета параноја, теории на заговор и опиеност од пропагандата што е против мирот и развојот, напиша Рама.

Тој верува дека се поголемиот број конкретни примери се пред очите на луѓето, се станува поедноставно.

“Ќе успееме да им олесниме на оние кои вршат трговија со овие држави и се измачувани од царинските бирократии, наведува Рама во објавата./МИА

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button