РЕГИОН

Рама ќе ги пречека Заев и Вучиќ во Елбасан

Наместо во Тирана, албанскиот премиер Еди Рама ќе ги пречека  македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ во Елбасан, по повод состанокот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.

Според објавената агенда Заев и Вучиќ во Елбасан треба да пристигнат во 18:30 а официјлната вечера е планирана за 19:30 часот.

– Освен нив на вечерата ќе присуствуваат и делагациите на трите земји, во кои се министри и заменици министри, претседателите на трговско-индустриските комори, Вишиот советник на Атлантскиот совет Џим О’Брајан, како и потпретседателот на Фондацијата Отворено општество, Алекс Сорос.

Седмиот состанок во рамки на ницијатвата „Отворен Балкан“ ќе се одржи утре во Палатата на бригадите во Тирана. Делегациите ќе пристигнат во девет часот, по што следува трипартитна средба на Рама, Заев и Вучиќ, а пола час подоцна, во 9:30 официјално почнува состанокот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button