
Маркус Рашфорд во продолжението од сезоната ќе ги брани боите на Астон Вила каде пристигна на позајмица со можност за откупување на неговиот договор од страна на клубот од Бирмингем.
Рашфрод целата своја кариера ја помина на „Олд Трафорд“, настапувајќи на 440 натпревари и забележувајќи 138 голови. Англискиот репрезентативец не го криеше задоволството од трансферот, велејќи дека е возбуден што ќе игра за тим кој во текот на целата сезона игра одлично.
„Сакам да им се заблагодарам на Манчестер Јунајтед и Астон Вила што ми овозможија договор за позајмица. Се дивеам на начинот на кој игра Астон Вила оваа сезона и амбицијата на менаџерот. Возбуден сум што ќе играм тука“, порача Рашфорд на социјалните мрежи.