ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рашковски го фалеше својот систем за безбедност во сообраќајот

Во отсуство на обвинителката Ивана Трајчева, нејзиниот заменик го сослуша поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за случајот „Софтвер“. Во текот на целото рочиште тој зборуваше за можните придобивки од софтверот што го нарачал, но пред медиумите не кажа ниту збор како биле купени.

Рашковски додаде дека преку системот за безбедност во сообраќајот што се обидел да го воспостави ќе се спаселе многу животи.

Но, вештаците претходно изјавија дека софтверот воопшто нема да има можност да се активира, а беа објавени и пораките на обвинетиот Рашковски со претставници на фирмата „Инвока Груп“ која го доби тендерот. На Рашковски на 16 април минатата година му беше изречена мерка куќен притвор, кој беше укинат неколку месеци подоцна откако Апелација ја прифати гаранцијата од 192.000 евра. Денеска заврши изведувањето на материјалните докази на одбраната.

Рашковски е обвинет за злоупотреба на службената положба и перење пари. Односно, обвинителството тврди дека тој ја злоупотребил службената должност обезбедувајќи софтвер за сообраќајни прекршоци. Во овој случај обвинети се уште 6 лица. Рашковски во неговите изјави денеска се обиде да ги заштити и нив.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button