ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рашковски поднесе кривична пријава против обвинителката во „Софтвери“

Поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски, обвинет во случајот „Софтвери“, соопшти дека е поднесена кривична пријава против обвинителката Ивана Трајчевска која го води предметот и против стручен соработник во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради неизвршување на своите работни задачи, сокривање и монтирање на кривично правни предмети, со цел создавање погрешна перцепција во јавноста.

– Со цел да предизвика омраза кај јавноста, основната јавна обвинителка која го водеше и се уште го води случајот „Софтвери” ја излажа и се уште ја лаже целата македонска јавност. Поднесена е Кривична пријава против И.Т како јавен обвинител и против стручен соработник О.А. во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. При тоа, ова нема да е последната кривична пријава, туку е една меѓу првите, За истото е веќе поднесена и претставка за нејзината работа до Советот на јавни обвинители, Републичкиот јавен обвинител и до шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. За сето ова ќе биде известена во детали и целата меѓународна заедница, наведува Рашковски во дописот до медиумите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button