ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рашомонијада во Парламентот, ВМРО бојкотира, а власта нема кворум

Опозицијата Собранието го држи ноќе, а дење власта. Опозицијата не учествуваше на новата седница на која е предлогот за реализација на буџетот за 2022 година. Законодавецот поради немање кворум пак, не беше во можност да продолжи со работа.

Но, сликите зборуваат поинаку. Мнозинството немаше 60 пратеници во салата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не објаснија зошто бојкотираа кога се обврзаа тоа да го прават, но со присуство во салата. Дури пред почетокот на седницата го повикаа мнозинството да ги поддржи нивните предлози кои беа на дневен ред.

Ниту Алијанса за Албанците не беше дел од седницата.

„Ние не сме тука за да ги менуваме пратениците кои не се лојални на гласовите што ги добија од граѓаните. Должност на парламентарното мнозинство е да си обезбеди кворум, а Алијанса за Албанците е секогаш тука за да ги поддржува позитивните процеси кои се во корист на граѓаните…“ рече Илире Даути, Алијанса за Албанците.

И додека мнозинството денеска немаше кворум за работа, опозицијата остана синоќа сама во салата дури до 3 часот по полноќ, држејќи го редот на говорницата за да ја блокира расправата.

Луме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button