ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Расипаниот нов водовод во Тетово немал ниту технички прием

Специјален тим формиран од општина Тетово ќе изврши увид во проектот за водоснабдување со цел целосно да се расчистат недостатоците при реализацијата. Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска откри дека проектот по реализацијата немал ниту технички прием.

https://www.youtube.com/watch?v=u5vm2fZQjI0&feature=youtu.be

Касами рече дека во процедура се одредени неправилности со паркинзите, но и со велосипедската патека, за кои се најавува тужба во тетовското обвинителство во текот на неделава.

При презентацијата на долгорочниот план за паркирање, Касами рече дека тој ќе се реализира во четири фази, а до почетокот на следната година да се додадат околу 3 илјади нови паркинг места во Тетово и на Попова Шапка.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button