СПОРТФУДБАЛ

Раскина со Влазнија, Чешмеџиев ќе има нов клуб во новата година

Костантин Чешмеџиев ќе има нов клуб во новата година затоа што спогодбено го раскинува договор со албанска Влазнија од Скадар. 27-годишниот дефанзивен играч дојде во Влазнија пред стартот на сезоната, но клубот не е баш најстабилен. Истовремено, малата минутажа и само осумте одиграни натпревари се проблем, па играчот ќе побара нов предизвик.

Влазнија за Чешмеџиев беше прв албански предизвик во кариерата, по два бугарски клуба во низа, Септември Софија и Славија Софија. Чешмеџиев зад себе имаше и странски предизвик во босански Вележ.

На домашната сцена македонскиот фудбалер играше за Шкупи, Шкендија, Академија Пандев, Македонија ЃП, Љубанци, Пелистер, како и младинскиот тим на Работнички

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button