ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Распукани ѕидови во објекти во Битола како последица на земјотресот

Распукани внтрешни и надворешни ѕидови – вакви последици има во Битола од земјотресот што вечерва го погоди регионот на Лерин, Грција.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на Фејсбук објави неколку фотографии од објекти во Битола.

„Силен земјотрес во Битола“, напиша Милевски кај фотографиите.

Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил во 23.43 часот по локално време (22.43 кај нас) со јачина од 5,5 степени (првично беше 5,8), на 4 километри северноисточно од Лерин, на длабочина од 10 километри и категоризиран со четврти степен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button