ЕКОНОМИЈА

Раст од 13,1 отсто на БДП во вториот квартал од годинава

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13,1 отсто, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто.

Според Државниот завод за статистика, во второто тримесечје пораст од 46 отсто е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна, во секторите рударство и вадење на камен, преработувачка индустрија, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од од 11,4 отсто и во секторот информации и комуникации од 5,7 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје номинално е зголемена за 14,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,2 отсто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button