МАКЕДОНИЈА

Расте бројот на ковид пациенти, најмалку заразени се деца

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, што се однесува на периодот од 2 до 8 ноември, 2020 г., тестирани се вкупно 19.719 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,3%, во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.280 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 25,5% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 37%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години, од 40 до 49 и од 50 до 59. Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години и од 10 до 19 години.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button