ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Расте интересот на граѓаните за вакцинирање против Ковид

Ширењето на видот Омикрон на корона вирусот го зголеми интересот на граѓаните за вакцинирање. Лекарите велат дека независно од тоа што се забележува зголемување на бројот на заинтересирани за вакцинација, дневните бројки на вакцинирани сè уште се незадоволителни. Според нив и натаму недостасува интерес кај младите за прва вакцина, а се зголемува бројот на средовечни и постари граѓани.

„Ова е резултат на тој пораст на бројот на заразени со појавата на типот Омикрон кој заразува многу луѓе и ја проширува епидемијата, затоа и интересот за вакцинација е подобар, но не толку колку што би требало да биде. Ние сме дежурен тим во Чаир и досега имаме околу 54 пациенти кои сме ги вакцинирале. За третата доза се 37 додека околу 17 се за првата доза. Овие за првата доза се средовечни граѓани, возрасна група од 40-50 години. Младите ретко доаѓаат за да се вакцинираат.“

Во тоа се увери и екипата на АЛСАТ. Забележавме поголемо присуство на повозрасни граѓани.

Пред шест месеци ја примив втората доза, сега сум за трета.

За првата доза? Да.  Многу патувам и морав да ја примам. Живеам во Скопје, но многу патувам и морав да примам вакцина. Сега почнаа повеќе да го бараат сертификатот, особено Албанија нè принудува да плаќаме за тест и затоа сме принудени да примиме вакцина.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, досега со две дози во земјава се вакцинирани вкупно 40 отсто од населението, додека според министерот за здравство, врз основа на неофицијалните податоци од пописот на населението, имунизација на населението со две дози надминува 50 проценти. За да се постигне колективен имунитет потребно е да се вакцинираат над 80%.

Инаку, новиот тип Омикрон во последните денови значително го зголеми бројот на заразени во земјава. Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок во понеделник и вторник за да разгледа дали ќе се препорачаат нови ограничувања.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button