ЕКОНОМИЈА

Растот на економијата од 3.7% е реален и остварлив, вели министерката Кочоска

Владата очекува економијата тековната година да порасне за 3,7 отсто  прогноза што според Министерката Гордана Димитиреска Кочоска за финансии, е и реална и остварлива. Ваквиот став на Димитриеска Кочоска го потврдија и дел од економистите. Тие велат дека  не само институциите внатре во државава го предвиделе овој економски раст туку и Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Advertisements

Но додаваат дека има и предизвици за овој раст кои може да предизвикаат стагнација на куповната мож и враќање на инфлацијата.

„СБ и ММФ за 2025 година предвиделе 3,5 – 3.8% за земјите од Западен Балкан, тука е и Македонија, со потпирање повеќе на капитални инвестиции и инфраструктурни инвестиции и зголемувањето на куповна моќ во овие региони. И Македонија иста проекција предвидува, имено, институциите како Министерството за финансии, Министерството за економија и Централната Банка на Македонија, предвидуваат иста проекција односно покачување. Сега, предизвиците што може да се појават за реализација на овој раст се повеќе од 3 точки, делот на политичките кризи кои може да настанат во земјата и може да има стагнација во реализацијата на овој раст може да биде стагнација на куповната моќ во наредниот период и враќање на растот на инфлацијата. Под надворешни фактори се подразбира“, вели Али Максути, Универзитетски професор.

Вчера Министерката за финансии Гордана Димитиреска – Кочоска од Вашинготн кажа дека проектираниот раст на економијата од 3,7 отство на земјава е реален. Таа потенцираше дека она на што Владата е посветена и она што го бара ММФ е фискална консолидација, но дека работите не можат преку ноќ да се сменат и дека ќе треба уште време.

Според неа, кризата со царините која дава голема неизвестност, Македонија може многу да ја искористи, во смисла како што вели на префрлање на капацитетите од европските земји, односно капцитетите во европските земји ќе се затвораат затоа што царините значат повисоки набавни цени и на тој начин европскиот пазар ќе бара алтернативи за отворање капацитети онаму каде што ќе имаат поевтина работна сила.

Во меѓувреме и експертите сметаат дека со глобалната криза од царините Македонија може да почуствува економски развој.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button