ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Растот на платите на функционерите за 78% и денеска во фокусот на јавноста

Растот на платите на функционерите за 78% и денеска во фокусот на јавноста

Одлуката на Уставниот суд, која отвора пат за големо зголемување на платите на избраните и именуваните лица и денеска предизвикува големи реакции во политиката, но и во јавноста. Економистот Абил Бауш, оценува дека зголемувањето на платите нема да донесе ни ублажување на инфлацијата.

„Во моментот кога преземаме мерки за ограничување на цените на некои основни производи, а од друга страна преземаме и мерки за намалување на инфлацијата кај нас, доаѓа до реализација на одлука на Уставниот суд која ќе треба да ги зголеми платите за некои екстремно големи проценти и тоа економски значи повеќе пари на пазарот, што автоматски не ја забавува инфлацијата, туку ќе ја задржи таму каде што е во моментот. Другиот социјален аспект е дека сме соочени со ситуација поврзана со економскиот дел дека сите јавни сектори бараат зголемување на платите до 20-30%, што уште повеќе ја поттикнува инфлацијата“, рече Абил Бауш, економист.

Бауш смета дека ова високо зголемување на платите на избраните и именуваните функционери е неетичко.

„Нивното образложение е дека и тие се луѓе и ќе треба да си ја зголемат платата, но земајќи ја предвид просечната плата, стандардот на нашето население, потрошувачката кошница, сето тоа е под тој животен стандард што го имаат граѓаните, неетички е да се покачуваат платите за 80% во овој момент“, додаде тој.

До отворање на патот за вакво енормно покачување на платите на избраните и именуваните функционери дојде откако Уставниот суд го укина членот со кој беше утврдено дека основицата за пресметување на платата е фиксна. Судот утврди дека за основицата има истовремено две стапки, па остана во сила таа според која која, основицата се утврдува според просечната плата остварена во претходната година утврдена од Државниот завод за статистика. Тоа значи дека платата на претседателот Пендаровски од 93.000 денари ќе достигне 165.000 денари. Платите на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери ќе бидат 150.000 денари, министрите ќе земаат по околу 110.000 денари, додека останатите функционери и судии околу 100.000 денари.

ПЛАТИ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ
• Платата на Пендаровски од 93.000 денари, ќе достигне 165.000 денари
• Премиерот Ковачевски и спикерот Џафери – 150.000 денари
• Министрите ќе добиваат околу 110.000 денари
• Други функционери и судии околу 100.000 денари
Од Владата велат дека одлуката на Уставниот суд мора да се почитува, но тврдат дека до такво зголемување нема да дојде зашто се размислувало да се намали коефициентот. Истото го повторија и од СДСМ.

Претседателот Пендаровски прв реагираше на ваквата одлука на Уставниот суд и побара да се преиспита коефициентот на платите./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button