ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Растурени две домашни забави во Скопје

Полицијата синоќа растурила две домашни забави во Скопје.  Во првиот случај, полицајците по пријава за гласна музика и непочитување на мерките против ковид-19, со судска наредба влегла во стан во Центар околу 3 часот изутрина и го затекнала сопственикот со седум гости. Во истиот период, полицајци во координација со јавен обвинител и интервентната полиција „упаднале“ во стан на улицата „Елисије Поповски“ и затекнале петмина.

Министерство за внатрешни работи:

„Сите 13 лица се лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствените прописи во време на епидемија.“

Синоќа е приведен и сопственик на угостителски објект во тетовско Горно Седларце. Полицијата во неговиот локал затекнала 29 гости по дозволено работно време. Објектот е времено затворен, а сопственикот ќе добие кривична пријава. Од Министерството за внатрешни работи соопштија и дека вчера изрекле 306 парични казни за неносење на заштитна маска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button