Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
Криминалната група за трговија со оружје која делуваше на Косово и Албанија е разбиена по девет месеци истрага на Специјалното обвинителство на Косово со Обвинителството на Основниот суд од општа надлежност во Тирана и при тоа се уапсени 14 лица, соопшти денеска Специјалното обвинителство.
„Специјалното обвинителство на Косово во врска со овој случај ја информира јавноста дека во април годинава добило информација во врска со сомнение дека одредени државјани на Косово и Албанија се занимаваат со увоз, извоз, снабдување, транспорт, посредување и неовластено продажба на оружје или експлозивни материјали по добивањето на таа информација ја овластила косовската полиција да преземе истражни дејствија, заради прибирање докази“, се наведува во соопштението.
Во акцијата спроведена во Косово и Албанија се уапсени вкупно 14 лица. На Косово се уапсени и приведени осум осомничени, од кои шест се од Косово, двајца се државјани на Албанија, а уште шестмина се уапсени во Албанија.
Како што е соопштено, на 10 декември косовската полиција извршила проверка на девет објекти на осомничените и пронајде и заплени 29 пиштоли, три долги пиштоли од различни модели, 2.635 куршуми од различни модели, две возила и друга опрема.