СПОРТ

Разбојниците му ја скршиле вилицата на Обамејанг – Под знак прашалник е неговиот трансфер во Челси

Минатиот викенд Пјер-Емерик Обамејанг беше мета на разбојници, а во таа прилика се здобил со непријатна повреда.

Kога тргнал да го заштити семејството од четворица вооружени разбојници, добил непријатен удар во лицето, од што му напукнала вилицата.

Оваа приказна ексклузивно ја откри новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн, кој тврди дека оваа ситуација се одразила на преговорите меѓу Барселона и Челзи, но дека не се знае дали трансферот пропаднал.

Наводно, не е исклучено Обамејанг да замине на позајмица во Лондон, а за денеска е закажана нова рунда преговори поради оваа вонредна ситуација, откако неговите агенти заминаа во Лондон.

Проблемот е што Обамејанг сепак ќе мора да оди на операција, а Жерар Ромеро се надоврза на приказната на „Атлетик“ и потврди дека Габонецот ќе отсуствува околу еден месец.

Тоа всушност и не е толку страшно, бидејќи во втората половина на септември ќе има репрезентативна пауза, па Аубамејанг би можел да биде достапен веднаш по паузата, кога распоредот е најфреквентен, поради трите кола во Лигата на шампионите.

Извор: topsport

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button